Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Уставните судии ќе донираат 20 отсто од априлската плата за борба против Ковид-19

Уставните судии ќе донираат 20 отсто од априлската плата за борба против Ковид-19
300x250 opst2

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Уставните судии на вчерашниот работен состанок донеле одлука да донираат 20 отсто од својата нето-плата за април во фондот за борба против коронавирусот.

– Уставниот суд уште еднаш нагласува дека во секој од предметите кои се разгледуваат се оценуваат уставноста и законитоста на нормите, а не целта која се сака да се постигне преку нив, се наведува во кусото соопштение од Судот.
Уставниот суд пред неколку дена едногласно ја укина владината уредба за кратење на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица…
Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во интервју за МИА за оваа одлука која предизвика реакции во јавноста, изјави дека Судот не е против солидарноста во борбата против коронавирусот, туку е едногласен дека уредбите мора да бидат во согласност со Уставот и со законите.
– Никој од судиите не ја оспори или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение. Заштитата на уставноста и законитоста е уставна задача на Судот и тој мора да реагира и да ги обезбеди и во услови на вонредна состојба, кажа Мурати. са/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело

Зголемени цените на угостителските услуги

Пинтоска од Левица: Стружани да не се плашат ниту од лавовите, ниту од орлите!