Утрински Весник
Економија

Спасовски со претставници на „Макам-транс“: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

Спасовски со претставници на „Макам-транс“: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Актуелни прашања за транспортната дејност во генералното функционирање и во услови на здравствено-економската криза, беа тема на денешната средба на премиерот Оливер Спасовски и министри од економскиот сектор со претставници на „Макам-транс“, Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва, предводени од генералниот секретар, Биљана Муратовска.

Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на транспортерите ги пренесоа искуствата и предизвиците за работата во услови на кризата, коишто се поврзани и со промените начини на функционирање во европските земји и во светот.

– Од страна на премиерот и на претставниците на Владата беа објаснети мерките што може да бидат од помош на работодавачите на превозните трговски друштва, како што се бескаматните кредити и мерката за 14.500 денари по вработен, како поддршка за фирмите погодени од кризата. На состанокот е констатирано дека последиците од кризата ги чувствуваат сите: граѓаните, фирмите, сите сектори во државата, како и дека во вакви услови е важна солидарноста од сите страни, со цел надминување на тие последици во претстојниот период, соопшти владината прес-служба за средбата на која премиерот Спасовски бил придружуван од вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши.
Разговарано е и за други тековни прашања во транспортната дејност, за што е договорено продолжување на соработката со формирање работни групи што ќе ги земат предвид ставовите на сите засегнати страни.  На средбата е оценето дека решенија се носат со дијалог, за што, како што се наведува во соопштението, изразена е волја и од двете страни. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година