Париз, 7 мај 2020 (/) – Бројот на странски туристи може да опадне од 60 до 80 отсто во 2020 година како последица на пандемијата на новиот коронавирус, јави дописникот на /.
Ова предвидување го издаде Светската туристичка организација (ОМТ), која предвидуваше на крајот на март пад од 20 до 30 отсто.
Во првиот квартал во текот на годината бројот на странски турсити веќе опадна за 22 отсто, па дури и за 57 отсто во март, откако почнаа карантините во многу земји, се вели во соопштението на оваа агенција на ОН со седиште во Мадрид.тг/сд/