Утрински Весник
Македонија

Филипче: Стигна помошта од ЕУ во монитори, маски, ракавици и заштитни очила

Филипче: Имаме направено најголем број тестови на милион жители од целиот регион

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа