Утрински Весник
Спорт

Бундеслигата ќе биде обновена на 16 мај

Бундеслигата ќе биде обновена на 16 мај

Берлин, 7 мај 2020 (МИА) – Натпреварите во Бундеслигата ќе продолжат на 16 мај, изјави Кристијан Фолк, шеф на фудбалската редакција на „Билд“.

– Најновото решение е: нема да има натпревари во петок (15 мај). Бундеслигата започнува в сабота, 16 мај, напиша Фалк на Твитер.

Информациите подоцна ги потврди извршниот директор на Бундеслигата, Кристијан Сејферт, на прес-конференција.

Еден од првите натпревари на 16 мај ќе биде средбата на Дортмунд Борусија и Шалке.

Претходно, продолжувањето на сезоната во Германија беше официјално одобрено од властите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026