Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на душеци и теписи во градинките во Општина Карпош

Дезинфекција на душеци и теписи во градинките во Општина Карпош

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Во сите објекти на градинките во Општина Карпош денеска почна процес на дезинфекција и чистење на душеците од креветчињата со цел отстранување на вируси, бактерии и микроорганизми. Во рамки на оваа акција, ќе се изврши дезинфекција и на теписите, откако претходно целосно се дезинфицираа и просториите во претшколските установи.

Општина Карпош информира дека овој период, додека дечињата се во своите домови, се користи за максимално да се подигне нивото на хигиена во објектите. Компанијата „Clean Max“, која е овластена за спроведување на највисоки стандарди за хигиена и заштита, денеска ги дезинфицираше душеците од креветчињата во градинката „Орце Николов“ во Карпош 4.

Градоначалникот Стефан Богоев ги истакна придобивките од дезинфекцијата на душеци и теписи. – Пандемијата со коронавирус не натера сите да водиме поголема грижа за личната и јавна хигиена. Нашата цел е овој тип на активности да продолжат и по Ковид – 19. Затоа што оваа дезинфекција ги штити најмладите од секојдневни вируси, бактерии и спречува појава на алергии и астма, рече Богоев и изрази благодарност до компанијата „Clean Max“.

За методот на чистење и користењето на УВЦ технологија говореше Дијана Бадаровска Мицова, генерален менаџер на фирмата. Оваа технологија се користи за дезинфекција на површини и е докажана во уништување на бактерии, вируси и останати патогени микроорганизми. УВЦ методата се користи и во светски рамки, затоа што ефикасно се справува со микроорганизмите кои можат да се најдат во душеците и негативно да влијаат врз здравјето на луѓето и децата (особено кај оние со проблеми со астма и алергии). мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години