Утрински Весник
Македонија

Градскиот пазар во Делчево останува затворен и оваа сабота

Градскиот пазар во Делчево останува затворен и оваа сабота

Делчево, 7 мај 2020 (МИА) – Градскиот пазар во Делчево и претстојната сабота ќе биде затворен за посетители. На прашање кога повторно граѓаните ќе можат да ги купуваат основните продукти делчевскиот градоначалник Горан Трајковски одговори дека ќе се разгледува состојбата со новозаразени, по што ќе биде донесена одлука, дали евентуално од 16 мај пазарот би продолжил со работа.

-За евентуалното пуштање на пазарот ќе ја имаме во предвид ситуацијата со новозаразени лица и согласно тоа на заедниччки состанок на Кризниот штаб ќе одлучиме дали истиот повторно би проработил. Она што е сигурно е дека оваа сабота, 9 мај, истиот согласно претходно донесената одлука на Кризниот штаб останува затворен за посетители, а доколку ситуацијата со коронавирусот го дозволува тоа ќе се разгледува можноста тој да биде пуштен во употреба на 16 мај, рече Трајковски.

Во меѓувреме градоначалникот Трајковски апелира граѓаните со основните продукти да се снабдат исклучиво од локалните маркети и пиљари, и при купувањето да ги следат насоките за заштита од вирусот Ковид-19.

Во Делчево до денеска едно лице е позитивно на Ковид-19. Лицето се наоѓа на Клиниката за Онкологија, каде ја прима потребната терапија за лекување на вирусот.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер