Утрински Весник
Економија

Во април повисоки трошоците за зеленчук и овошје, пониски за горивата, облеката…

Граѓани се жалат дека во некои продавници вработените не носат заштитни маски и ракавици

Скопје, 7 мај 2020 (МИА)рошоците на животот во април годинава, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на април лани намалување од 0,1 отсто. Кај цените на мало забележано е намалување од 0,5 отсто во однос на март годинава, а во однос на април лани пад од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 9 отсто, рибата и морските плодови за 1,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9 отсто, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0,8 отсто, пивото за 0,6 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0,3 отсто и јогуртот за 0,2 отсто.

Во април 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 2,6 отсто, обувките за 1,8 отсто, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 1,1отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4 отсто и снабдувањето со вода за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај газираните пијалаци за 0,3 отсто и помалку масното млеко за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 20,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17 отсто, гасот за домаќинствата за 7 отсто, информатичката опрема за обработка на податоци за 3,3 отсто, моторните возила за 1,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,2 отсто, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5 отсто, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена за 0,4 отсто.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија