Утрински Весник
Македонија

СЗО: Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања

СЗО: Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања, изјави денеска на прес-конференција д-р Катерина Смалвуд, од Канцеларијата за Европа на Светската здравствена организација.

– СЗО помага во координација на глобалните напори за изнаоѓање вакцина за Ковид-19. Тоа исто така е поддржано од голем број меѓународни претставници од приватниот сектор и иницијативи. Што се однесува до бројот на вакцини кои се развиваат, се работи за десетина. Неколку различни истражувачки институции и влади се вклучени во процесот. Во моментов, половина од нив, шест или седум од вакцините се во ранa фаза на клинички испитувања. Ова е многу охрабрувачка вест, но ние мораме да бидеме екстремно реални дека за развој на вакцина е потребно многу време, рече таа на прес-конференцијата одговарајќи на новинарски прашања.

Она што СЗО го кажува генерално, додадва Смалвуд, е дека за развој на вакцина би требало да очекуваме 18 -месечен процес наспроти неколку години колку што е потребно да се развие една вакцина.

СЗО е вклучена во зајакнување на меѓународната соработка за истражување и развој на вакцина за Ковид-19.

– Ја охрабруваме понатамошната соработка во однос на ова прашање, рече претставничката на СЗО, посочувајќи дека СЗО ги повикува сите кои работат на развој на вакцина и институции да се здружат со меѓународните групи, да ги споделат информациите се со цел да биде постигнат одреден бенефит, рече Смалвод на денешната редовна неделна прес-конференција и брифинг на СЗО Европа за состојбата со Ковид-19.

Во однос на ризикот за втор бран на епидемијата, кој би можел да се очекува наесен, претставничката на СЗО, рече дека се разгледуваат повеќе потенцијални сценарија за коишто е рано да се зборува, но потенцира дека дали ќе има или нема да има втор бран зависи индивидуално од земјите односно спроведувањето на мерките од страна на граѓаните. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути