Утрински Весник
Спорт

Нагелсман во најтесниот круг на потенцијални тренери на Њукасл

Нагелсман во најтесниот круг на потенцијални тренери на Њукасл

Лондон, 7 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го предводи Њукасл, пренесе „Дејли стар“.

Според британскиот медиум, 32-годишниот Германец влезе во краткиот список на кандидати  кои ќе го дадат новиот тренер на англискиот клуб по пристигнувањето на нови сопственици од Саудиска Арабија.

Исто така, на списокот се наоѓаат и Рафаел Бенитез, Маурисио Покетино и Максимилијано Алегри.

Нагелсман го предводи Лајпциг од 2019 година. По 25 одиграни меча во Бундеслигата, екипата се наоѓа на 3. место на табелата, пет бода зад лидерот Баерн. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ