Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Герберих: Од исклучително значење е градењето пријателски односи

Пендаровски-Герберих: Од исклучително значење е градењето пријателски односи

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих на која е реафирмиран ставот дека за земјава од исклучително значење е градењето на пријателски односи со Сојузна Република Германија, преку искрен и доверлив пристап. 

Пендаровски се заблагодарил за силната и отворена поддршка што Германија и ја дава на земјава во остварувањето на нејзините стратешки цели и изразил задоволство што токму во мандатот на амбасадорот Герберих е реализирана една од нив, односно членството во НАТО, а донесена е и одлука од страна на Европскиот Совет за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изразил очекување и за натамошна силна германска поддршка во реформските напори на државата, во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници оцениле дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. За Северна Македонија, истакнал претседателот Пендаровски, од особено значење е фактот што Германија е на врвот на листата на најголеми трговски партнери. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“