Утрински Весник
Македонија

Две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“

Две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот жителите на околните згради во Скопје Север ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „WESTSIDE CONCEPT“, на театарот WESTSIDE. Додека, во 20:30 часот, во паркот во Кисела Вода, концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД.

Концертот ќе биде стримуван на: – фејсбук страницата на Град Скопје и на – Јутујуб каналот на Град Скопје.

– Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Оттаму информираат дека со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа