Утрински Весник
Македонија

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Поведена е истрага за силување против косовски државјанин, кој во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. На осомничениот му е одредена мерка притвор од 30 дена, но тој се уште не им е достапен на органите за прогон.

Основното јавно обвинителство Кавадарци информира дека донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Косово со престојувалиште во Росоман, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – силување од член 186 став 5 в.в. став 2 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, кој бил вработен како овчар, на 2 мај, во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето за да се одбрани го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото, информира обвинителството.

Осомничениот не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Николоски најголемиот тендер го доделил на „Стентон градба” – која ја обвинуваше за криминали со СДС

На граничните премини нема подолги задржувања

Денес (недела 8 јуни) ќе биде најтоплиот ден досега оваа 2025 година!