Утрински Весник
Македонија

Повеќе компании донираат за Општата болница во Куманово

Повеќе компании донираат за Општата болница во Куманово

Куманово, 7 мај 2020 (МИА) – Повеќе општествено одговорни компании донираат материјали за работа на Кумановската општа болница, информираа денеска од јавната здравствена установа. Ротари клубот на блоницата и донираше визири и средства за дезинфекција.

-Ограноците на Ротари клубот од почетокот и помагаат на Кумановската болница, донирајќи под мотото „Заедно против Ковид 19“. И покрај тоа што се намалува бројот на позитивни на Ковид 19, сепак постојано трошиме дезинфициенси, опрема и мора секогаш да сме подготвени за оваа состојба, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Во изминатиот период од почетокот на кризата повеќе компании и индивидуалци, ентузијасти ги подржуваат здравствените работници во установата. Во донациите се вклучени сите од Министерствата за здравство, за внатрешни работи, општина Куманово, компании. Бројни донации пристигаат од ентузијасти и од индивидалци. Помошта се состои во средства за дезинфекција, заштитна опрема скафандери, потребни материјали, визири, капи,  апарати.

-Бројни се донациите кои пристигаат во Кумановската болница. Општествено-одговорни компании од Куманово и од државата, сите заеднички и помагаат на болницата во борба против Ковид 19, вели Захариева. ам/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер