Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на полицијата го честита Денот на македонската полиција

Синдикатот на полицијата го честита Денот на македонската полиција

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Синдикатот на полицијата го честита Денот на македонската полиција, 7 мај и воедно упатува честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи за, како што посочуваат, професионализмот во извршувањето на одговорните задачи, но пред сè за лојалноста кон татковината.

– Полицијата постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, личната безбедност и сопственост. Не постои друга професија во светот што може да ја одберете каде ќе ги искусите најдобрите и најлошите животни реалности, се вели во соопштението од Синдикатот.

Да бидеш полициски службеник, додаваат оттаму, преставува особена чест.

– Да направиме од професијата полицаец, професија која ќе биде вреднувана во општеството, а посебно во нашата држава Нека ни е честит 7 мај, Денот на македонската полиција и вечен спомен на хероите кои не се повеќе меѓу нас. Тие живеат во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме, додаваат во честитката. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка