Утрински Весник
Македонија

Реконструиран патниот правец Криволак – Пепелиште

Реконструиран патниот правец Криволак – Пепелиште

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја посети општина Неготино, а ќе изврши увид на комплетната реконструкција на регионалниот пат помеѓу селото Криволак и Пепелиште.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во Неготино Шекеринска ќе се сретне со градоначалникот Тони Делков. Министерката и Делков потоа ќе извршат увид реконструкцијата на патниот правец Криволак-Пепелиште.

Се работи за пат кој ги поврзува Армискиот полигон Криволак и регионалниот пат Неготино – Штип, којшто е реконструиран со средства од Министерството за одбрана, во соработка со Општина Неготино. ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад

Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето” е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка