Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Прекин на сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен, граѓани запалила оган поради исклучена електрична енергија

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва