Утрински Весник
Македонија

Боки-13 ќе ја даде својата одбрана во случајот „Рекет”

Боки-13 ќе ја даде својата одбрана во случајот „Рекет”

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Судскиот предмет „Рекет” против обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, влегува во својата завршница. После многу презентирани докази од страна на обвинителството и одбраната на денешното рочиште за „Рекет”, својата одбрана е предвидено да ја даде обвинетиот Боки 13, односно обвинетата Катица Јанева.

На последното рочиште за овој случај во дополнение на доказна постапка одбраната презентираше неколку доказни материјали, меѓу кој остави впечаток кривичната тужба поднесена од страна на Јанева, против Боки-13, на незаконско снимање. Истовремено одбрана на Боки-13 реагираше дека судечкиот совет не ги прифатил како сведоци поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. оџ/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип