Утрински Весник
Економија

Ангеловска-Бежовска: Депозитите на граѓаните се безбедни, нема потреба од никаков страв

Ангеловска-Бежоска на Финтек-форумот 17+1 во Вилнус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Депозитите на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска на гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Ангеловска – Бежовска истакна дека како и во секоја кризна состојба имало одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување на депозитите на дневно ниво во втората половина на март и почетокот на април, но веќе од средината на април има стабилизирање на состојбите.

– Како и во секоја кризна епизода која сме ја имале, доаѓа до влошување на перцепцијата кај граѓаните. Вознемиреноста се почуствува кај депозитната база на банките во втората поовина на март и почетокот на април, но оттогаш наваму состојбите се стаблизирани. Немаме пад на депозитите, имаше одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување, но сепка на крајот на месецот, состојбата покажа стабилизирање и имаше одреден пораст, рече Ангеловска-Бежовска.

Оцени дека сега притисокот врз депозитната база бил значително помал во однос на други кризни ситуации што сме ги имале како држава.

Во однос на мерките што се преземаат за реалниот сектор, гувернерката рече дека многу е важно мерките да се добро таргетирани и да се направи добра проценка.

– Како Централна банка ги немаме  сите информации за да дадат издржана оценка, нагласи Ангеловска – Бежовска.

Таа соопшти и дека се бележи тренд на намалување на блокирани сметки и кај физичките и кај правните лица. Според последните податоци заклучно со април, бројот на блокирани сметки е 227 илјади што е за пет илјади помалку. бак/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра