Утрински Весник
Македонија

Обвинето лице од Ресен поради возење велосипед за време на полициски час

Обвинето лице од Ресен поради возење велосипед за време на полициски час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) -Основното јавно обвинителство во Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое на 29 март 2020 година, за време додека во сила била забраната за движење, со велосипед се движело низ градот.

-Со своите дејствија, обвинетиот го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Јавен обвинител од Обвинителството во Ресен, на судот му предложи да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во износ од по 20 евра во денарска противвредност.ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче