Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ГИЗ со донација до МВР за проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“

ГИЗ со донација до МВР за проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“
Img 7972

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Националната координаторка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска денеска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“, кој е координиран од МАРРИ Регионалниот центар, како одговор на ситуацијата со КОВИД-19, информираат од МВР.

– Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг, соопштија од МВР. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров