Утрински Весник
Спорт

Три екипи од НБА не сакаат да се вратат во тренинг-базите

Предлагаат 50 отсто намалување на платите во НБА

Њујорк, 6 мај 2020 (МИА) – Инсајдерот на „ЕСПН“ Брајан Виндхорст изјави дека три НБА тимови не сакаат да се вратат во тренинг-базите во блиска иднина.

Претходно беше познато дека лигата планира да им овозможи на клубовите да ги отворат своите центри за индивидуално тренирање на играчи од 8 мај.

– Зборував утрово со луѓе од два тима кои се во државите каде го ублажија режимот на изолација. Овие екипи немаат намера да ги отворат своите капацитети за обука в петок. Еден човек од друг тим ми рече дека клубот интервјуирал кошаркари со „Зум“, а повеќето од нив се изјасниле дека се против отворањето на базата, рече Виндхорст за ЕСПН. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД