Утрински Весник
Економија

Димитриевска-Кочоска: Не го блокирам заемот од Светска банка, барав дополнителни информации

Димитриеска Кочоска: МФ да го откаже незаконски свиканото Собрание на ИСОС

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција наведе дека таа не го блокира заемот од Светска Банка во износ од 90 милиони евра, туку дека таа бара дополниелни информации.

-Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации.  Ја повикувам Владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до мене, со цел граѓаните сами да се уверат зошто Гордана бара дополнителни информации, а не блокира како што милуваат да кажат, рече дополнителната замник-министерка.

Според неа иако Владата во континуитет разговарала и преговарала со СБ, во ниту еден момент не била вкчучена во тие разговори.

Таа истакна дека вчера бил првиот и единствен состанок со СБ каде побарала детално појаснување, каде ќе се трошат овие пари.

На прес-конференцијата појасни за сите документи што досега ги потпишала, наведувајќи ги оние за заемот од 176 милиони евра од ММФ, средства што веќе пристигнати и се користат, барањето до ЕК која одобри 160 милиони евра, кредит во износ од 50 милиони евра од СБ, кои се користат за помош на стопнството, како и документте за еврообврзница, односно избор на банки кои ќе посредуваат како и адвокатски канцеларии.

Дополнителната заменик-минисерка наведува дека истиот ден ги добила и документите за заемот од 90 милиони евра од Светска Банка но оти за тоа побарала време за да разговара и да се консултира со стручни лица.

Меѓу потпишаните документи напомена дека потпишала и за отпочнување на постапка за бриџ ту бонд во износ од 400 милиони евра, средства за кои, како што рече, сите знаете дека Министерството за Финансии не успеа да обезбеди доволно средства, при што се откажаа од оваа идеја и пристапија кон издавање еврообврзница од 800 милиони евра, која беше потпишана од моја страна.

-Кредитите што до сега ги потпишав се во износ од 1,186.5 милиони евра, без тие 400 милиони евра, кои ги потпишав но немаше заинтересираност за истите.Сите овие кредити се однесуваа за покривање на буџетскиот дефицит. Тоа значи дека државата не собира доволно даноци, за да ги покрие расходите, кои ги планирала за 2020-та година и кои беа усвоени од Собранието на РМ, истакна Димитриевска-Кочоска.

Таа упати апел до министерот за надворешни работи Никола Димитров, да почне да ги следи, коментира и реагира на изјавите на неговите колеги од соседството, а да ја остави економијата на луѓето, кои се одговорни за тоа.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“