Утрински Весник
Македонија

Ѓурѓовденска слава во валандовскиот манастир „Свети Ѓорѓи“

Ѓурѓовденска слава во валандовскиот манастир „Свети Ѓорѓи“

Гевгелија, 6 мај 2020 (МИА) – Црквата во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Валандово уште во текот на вчерашниот ден ги повика православните верници од општината и регионот попладнево да приуствуваат на прославата на Ѓурговден, поточно на славскиот ручек кој ќе се дели попладнево.

Со оглед на фактот дека земјава е се уште во вонредна состојба, локалните власти ги повикаа верниците на воздржаност, почитување на мерките за социјална дистанца и групирање, апелираа да се носат заштитни маски, но најавија и зголемено присуство на полиција.

Покрај се, локалните власти изразија надеж дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките и дека ќе го задржат високото ниво на свест за уште подисциплинирано однесување и доследно почитување на препорачаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот.

Инаку, манастирската слава во валандовскиот манастир „Свети Ѓорги“ почнала утрово со одржување богослужба и мал водосвет. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал