Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелиско се одвива петтата хуманитарна акција за граѓани од ранливите категории

Во Гевгелиско се одвива петтата хуманитарна акција за граѓани од ранливите категории

Гевгелија, 6 мај 2020 (МИА) – Мобилните тимови на Општина Гевгелија, за време на вонредната состојба за поефикасно справување со коронавирусот, неделава се ангажирани во спроведување на петтата акција за делење помош на семејствата од социјално ранливите категории.

Помошта, како што соопшти Општина Гевгелија, што се состои од 200 пакети со прехранбени артикли и средства за лична хигиена на адреса на Општинскиот кризен штаб пристигна деновиве од Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“ од Струмица.

Од Општина Гевгелија посочија дека нивните мобилни тимови до крајот на работната недела пакетите ќе ги достават на 200 социјално загрозени семејства од градот и населените места, според список што за таа цел го имаат добиено од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.

Претходно хуманитарни пакети за ранливите категории граѓани донираа уште неколку општествено одговорни компании и здруженија на граѓани од Општина Гевгелија. им/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица