Утрински Весник
Македонија

На повеќе локации во Пијанец се слави Ѓурѓовден

На повеќе локации во Пијанец се слави Ѓурѓовден

Делчево, 6 мај 2020 (МИА) – Пред дворовите во трите цркви кои го носат името „Св.Ѓорѓи“ во делчевско, денеска православните христијани го одбележуваат празникот Ѓурѓовден. Со цел заштита на населението од Ковид-19, одбележувањето се одвива со почитување на препораките на Министерството за здравство.

– Во делчевско три цркви го носат името на „Св.Ѓорѓи“. Тоа се црквите во село Град, малата црква (манастир) во село Вирче и црквата во село Киселица. На оние места каде се служи црковен ручек церемонијата се одвива со почитување на препораките на надлежните. Ручекот се поделува на граѓаните и заради избегнување гужви се носи дома. На тој начин сметаме дека целосно ќе се заштити населението од несакани ситуации, велат делчевските свештеници.

За прв пат денеска се организира празнична свеченост и кај местото „Скокот“, во село Габрово каде се врши осветување на извор за чија вода се смета дека е лековита.

– Иницијативата е на неколку наши соселани кои направија убава чешма за да може да се користи водата. За луѓето денеска е обезбеден ручек кој поради одбегнување поголеми собирања им се дава на присутните и се носи дома. Да се надеваме дека оваа света вода во иднина ќе биде посетувана од голем број граѓани, велат мештани од село Габрово.

Пијанец е познат како крај во кој редовно се почитува ваквата традиција за поголемите празници, чии масовни собири поради присуството на Ковид-19 во најголем дел беа одложени. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор