Утрински Весник
Македонија

Во Тетовско нема лица кои треба да бидат во изолација

Во Тетовско нема лица кои треба да бидат во изолација

Тетово, 6 мај 2020 (МИА) – Во Тетово изминатото деноноќие првпат немало лица кои се упатуваат за 14 – дневна изолација во своите домови како суспектни на Ковид-19, соопшти тетовската полиција. Немало потреба од издавање решенија од Државен санитарен и здравствен инспектора или изјави за самоизолација.

-Во периодот 5/6 мај контролирани се 115 лица со веќе постоечки решeнија за изолација и 35 лица со потпишани изјави за самоизолација, додека нема предупредени за неносење на заштитни маски, соопшти портпаролот Марјан Јосифоски.

Во текот на деноноќието нови шест лица се откриени за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ според член 206 од Кривичниот законик и прекршување на полицискиот час. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч