Утрински Весник
Македонија

Фридом хаус: С.Македонија бележи значителен демократски напредок

Фридом хаус: С.Македонија бележи значителен демократски напредок

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми, оценува Фридом хаус во најновиот извештај „Држави во транзиција“.

Сепак, и покрај прогресот, С. Македонија и натаму е рангирана во категоријата држави со транзициски хибридни режими, во кои се уште се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓански слободи.

Покрај земјава, напредок од државите во регионот бележи и Косово, а назадување има во Србија и во Црна Гора, кои веќе не се во категоријата делумно консолидирани демократии, туку во хибридни режими.

Во хибрини режими се и Албанија и Босна и Херцеговина, а единствено Хрватска го задржа статусот на делумно консолидирани демократии. са/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба