Утрински Весник
Македонија

Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност донираа 1.000.000 денари за Министерството за здравство

Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност донираа 1.000.000 денари за Министерството за здравство

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука  за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари за соочување со настанатите состојби поврзани со вирусит Ковид-19.

– Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата, соопштуваат од Македонска берза.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството