Утрински Весник
Македонија

Филипче со видео за поддршка на здравствените работници

Филипче со видео за поддршка на здравствените работници

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави видео на кое аплаудираат здравствени работници од Клиниката за инфективни болести, од Градската општа болница „8 Септември“, од Општата болница во Дебар и од Клиничката болница во Битола.

Видеото е објавено во знак на поддршка на здравствените работници.

-Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19, напиша Филипче. рп/са/

Аплауз за здравствените работници

Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19. #HandHygiene #InfectionPrevention[WHO North Macedonia]

Posted by Венко Филипче on Среда, 06 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег