Утрински Весник
Македонија

Корона дијалози: Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз високото образование

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола утврди план за е-настава во услови на криза

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Вечер ќе започне одржувањето на серијалот „Корона дијалози“ што ќе опфати повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.

Првата тема на вечерашните Корона дијалози е „Влијанието на новите предизици од панделијата врз високото образование„ каде што ќе говорат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, ректорот на УКИМ проф.д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УЈИЕ академик Абдулменаф Беџети, проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски и проректорот на УГД проф.д-р Мишко Џидров.

– Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, ќе се одржат серија активности во овој период со кој непосредно ќе се оствари влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО Ѓуровски и професор на Факултетот за безбедност-Скопје.

Следни теми на корона дијалозите што ќе се одржуваат преку електронска комуникација секоја среда се: влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата, развојот, правно-политичките и меѓународни аспекти, туризмот, локалниот и регионален развој, студентите и нивото студирање, психолошкиот развој и предизвици… нд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари