Утрински Весник
Македонија

Се намалуваат водостоите на реките

„Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж река Брегалница – 2019“

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните и бележат благо намалување во однос на вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Треска на мерното место кај Македонски Брод и Радика кај Бошков Мост, каде нивото е малку повисоко од повеќегодишниот просек за мај, и Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка каде нивото е исто со вчерашното.

Ист водостој како вчера имаат и трите природни езера, но нивото на Охридското и Преспанското Езеро е пониско од просечното и тоа за еден сантиметар кај Охридското, односно за 97 сантиеметри кај Преспанското, додека кај Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисоко од просекот за овој месец. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка