Утрински Весник
Македонија

Започна постапката за прогласување на шар Планина за Национален парк, а Осоговските планини за заштитен предел

Безживотно машко тело најдено на Шар Планина, идентитетот ќе се утврдува во Скопје

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Владата на  денешната седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.
Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата на Република Северна Македонија за разгледување и усвојување, најкасно до крајот на месец септември 2020 година. сст/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање