Утрински Весник
Спорт

Ериксен: Морав да го поминам карантинот во клупската база

Хотелот во Милано, во кој престојуваше Ериксен е затворен поради коронавирус

Милано, 5 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот на Интер, Кристијан Ериксен зборуваше за тоа како јапреживува изолација од пандемијата на коронавирус, како и за неговиот трансфер во клубот во јануари.

– Трчам во подземниот паркинг и пресметав дека можам да трчам 35 метри, а потоа мора да се свртам и да истрчам уште 35 метри на враќање. Не сум допрел топка за 7 недели. Ова е најдолгиот период без фудбал во мојот живот и навистина ми недостасува.Бидејќи сè уште немам дом во Милано, решив да разговарам со Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, но тие имаат семејства за кои треба да се грижат, а да спијам 14 дена на нечиј тросед е премногу долго. Наместо тоа, јас поминав карантин во клупската база со готвач и петмина вработени кои одбраа да се изолираат за да ги заштитат своите семејства, вели Ериксен за дански „Jyllands Posten“.

Тој вели дека трансферот во Интер е вистинскиот потег за него, бидејќи „нероазурите“ биле многу упорни во нивната желба да потпишат со него.

– Ова е важно за играчот да знае дека е сакан. Тоа значеше дека тие ќе сторат сé за да ме привлечат. Некои навивачи на Тотенхем беа лути кога во интервјуто за Би-Би-Си реков дека имам подобри шанси да освојам нешто во Интер. Сепак, ова е точно, има многу клубови во Англија кои се посилни. Секогаш ќе има луѓе од Спарси кои ќе се лутат на мене, но повеќето навивачи беа позитивни и ми се допаѓаше да играм за клубот. Запознав неколку прекрасни луѓе и имам добри спомени. Посакувам да заминев во други околности, но така не функционира фудбалот, изјави Ериксен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство