Утрински Весник
Спорт

Јуве потврди за двајца излечени, молчи за Дибала

Дибала одлучил – останува во Јуве
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торино, 5 мај 2020 (МИА) – Јувентус денес издаде долга изјава во која ги најави клупските мерки во однос на пандемијата од коронавирус.

Се споменува дека Даниеле Ругани и Блеиз Матуиди се излечени од инфекцијата, но ништо не се зборува за третиот пациент во тимот, Пауло Пауло Дибала.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Аргентинецот дал негативен тест за присуство на КОВИД-19 во неговото тело, а се очекуваше и втора потврда.

– Ругани и Матуиди поминаа преку двоен дијагностички тест за коронавирус. Резултатите беа негативни. Затоа, играчите беа прогласени за озздравени на 15 април и веќе не се под самоизолација, се вели во извештајот.

Ова ќе им овозможи да продолжат со индивидуалните тренинзи во клупската база.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички