Утрински Весник
Спорт

Мбапе има еден услов за повторно да потпише со ПСЖ

Реал планира да го донесе Мбапе во Мадрид следната година

Париз, 5 мај 2020 (МИА) – Пред неколку дена се појавија информации дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе се согласил да го продолжи договорот со тимот. Сепак, некои детали за новиот договор сега станаа јасни. Според „АС“, напаѓачот е подготвен да потпише повторно ако во договорот е вклучена посебна клаузула.

Прашање е да се има специфична сума за која може да се откупи. За Мбапе не е тајна дека сака да заигра за Реал Мадрид и Зинедин Зидан, поради што се надева дека еден ден ќе премине на „Сантијаго Бернабеу“.

Затоа, тој ќе сака да знае дека ќе може да си замине ако пристигне одредена понуда. И важно е оваа клаузула да биде прифатлива.

Во моментов, Французинот има договор со парижаните до летото 2022 година. Тогаш ќе истече договорот на Нејмар, кој сега сака да се врати во Барселона. Поради оваа причина се претпоставува дека раководството на ПСЖ не сака да му дозволи на Мбапе да си замине.

Сето ова доведе до проблеми во досегашните преговори.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина