Утрински Весник
Македонија

Во кумановската болница вработени девет лекари и 12 медицински сестри

Во кумановската болница вработени девет лекари и 12 медицински сестри

Куманово, 5 мај 2020 (МИА) – Нови девет лекари и 12 медицински сестри од денеска почнуваат со работа во Oпштата болница Куманово, информираа надлежните од јавната здравствена установа.
Поголем дел од нив ќе дежураат во Ургентниот центар, една лекарка ќе биде ангажирана на Инфективното одделение и една на Одделението за физикална терапија.

-Здравствениот персонал конкурираше на огласот од 24 јануари, по што следуваше жалбена постапка, па потоа се распушти Собранието. По почнувањето на состојбата со пандемијата, од Владата пристигна известување дека стопираните конкурси можат да се продолжат. Комисија ги отфрли приговорите, така што од денеска здравствениот персонал склучи договор на определено време со установата, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Вчера, беше укинат и посебниот режим на  работа во Одделението за гинекологија и акушерство. Министерот за здравство, вчера информираше дека над 50 здравствени работници од 70 кои беа позитивни на Ковид 19 од болницата се вратени на работа. ам/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете