Утрински Весник
Економија

Пандемијата го прекина превозот на патници од Скопје со девет града во државава

Возила без клима вршат меѓуградски превоз во летните месеци

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Пандемијата со Ковид-19 го намали за 95 проценти меѓуопштинскиот превоз на патници. Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон уште девет града и обратно.

Инспекторите од Државниот инпекторат за транспорт во периодот од 27 минатиот месец до 3 месецов направиле 118 надзори за почитување на мерките.  Притоа е констатирано дека се во целосен прекин линиите Скопје – Охрид, Скопје – Битола, Скопје – Ресен, Скопје – Прилеп, Скопје – Пробиштип, Скопје – Кратово, Скопје – Крива Паланка, Скопје – Кочани, Скопје – Берово и обратно, информира на прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Меѓународниот линиски превоз од почетокот на вонредната состојба е во целосен прекин.

Од направените контроли на повеќе автобуски станици во државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет, односно за преполовен број на патници.

Воедно е констатирано дека товарниот сообраќај се одвива без ограничување и се почитуваат препораките, а во еден случај од страна на Државниот инспекторат за транспорт е изречена мерка за превозник.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фотогалерија) Во Скопје се одржа најголемата бизнис конференција на „Бизнис лидер“

Меѓународен ден на еднакви плати, на глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар