Утрински Весник
Автомобили

Си го вратил моторот украден пред 28 години

Си го вратил моторот украден пред 28 години

Хартфорд, 5 мај 2020 (МИА) – Во рација во складиште во американската сојузна држава Конектикат, поточно во главниот град Хартфорд, полицијата пронајде поголем број украдени мотори и теренски возила.

Така, за еден Кавасаки Ка-икс потоа се дознало дека е украден 1992 година. Негов сопственик бил Џонатан Хагински. Тој го купил моторот на свои 17 години, а му го украле по само еден месец.

Кавасаки моторот е во добра состојба, но сепак, некои делови ќе мора да се поправат. Тоа пак, не би било никаков проблем, оти Хагински има свој сервис за мотори и теренски возила.  си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin