Утрински Весник
Македонија

СКМ два пати неделно ќе соопштува бројки, коментари и свои ставови за економијата

СКМ два пати неделно ќе соопштува бројки, коментари и свои ставови за економијата

Стопанската комора на Македонија (СКМ) информира дека започнува нов начин на комуникација со медиумите и поинаков формат на обраќање кон јавноста за актуелните состојби во државава, особено во економската сфера. Тие ќе бидат кратки и ќе содржат четири важни поенти: Бројки на денот, Коментар на денот, Споредба на денот и Наш став. Се планираат по две прес конференции во текот на неделата за медиумите, со цел директно да се разменат ставови, мислења, дилеми и да се слушнат евентуални предлози за она што и е во моментов потребно на економијата, со цел од кризата да се излезе со помали последици и да се нормализира целокупниот живот.

Моменталните Бројки на денот се базирани на анкети и директни контакти на претседателот на СКМ, Бранко Азески, на дневна основа, со сите потпретседатели на Kомората, и според нив, 71 отсто од членките, и покрај сите наведени слабости, не најавуваат затворање на компаниите.

Коментарот на денот на Комората е изјавата на Азески дека, државата ќе се соочи со два големи проблема во периодот што следи, а тоа се: голема е веројатноста во текот на мај компаниите да се соочат со проблемот на ликвидност. При што, свој удел може да има и Владата, поради најавените прекини на голем дел од договорите, а и поради тоа што извозот е во многу проблематична состојба.

Споредбата на денот на СКМ покажува дека, во април се регистрирани 7.030 нови невработени, според АВРМ, што е идентично со тие бројки во Косово. Во Србија од почетокот на кризата работа досега изгубиле околу 6.047 лица, а според податоците на Даночната управа на Албанија, без работа останале 61.000 работник, како последица на корона кризата.

– На крај, нашиот Став е дека, на истекот на вториот месец од воведувањето на вонредната состојба со Ковид-19, економијата функционира во исклучително тешки околности, а се потпира на сопствени резерви. Владините мерки и покрај најдобрата намера, се комплицирани и тешко достапни до значаен дел од компаниите, мерките се фокусирани најмногу на работниците, за што имаме разбирање, и постои чувството дека иако товарот падна доминантно на компаниите, сѐ е нормално во економијата. Тоа ги натера граѓаните да мислат дека се ќе се врати брзо во нормала и ќе биде исто за недела или две – соопшти Антони Пешев, претседавач на Собранието на СКМ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година