Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – На 04.05.2020 во 11:30 часот, хеликоптер на МВР „МИ 17“ полетал од воздухопловната полициска база на хеликоптери „Брест“ и слетал на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, со пет членови на екипажот, со цел да наполни гориво. Откако ги наполнил резервоарите со гориво и добил дозвола, почнал со полетување и набрзо се превртел и паднал. Едно лице од екипажот се здобило со телесни повреди. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

На 04.05.2020 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Кичевска“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода К.Ѓ.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2020 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Архиепископ Доситеј“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода А.М.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.05.2020 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк го лишиле од слобода Р.А.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.05.2020 околу 09:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, во непосредна близина на Мавровската крстосница, ги привеле А.Ѓ.(25) и К.Ѓ.(19) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето. Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

На 04.05.2020 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“ го лишиле од слобода Ф.Б.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.05.2020 во 11:10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид- Кичево Е.А.(41) од с.Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од с.Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 04.05.2020 во 16:13 часот било пријавено дека во Охрид, на раскрсницата од бул.„Туристичка“ со бул.„Просветители“, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(22) од Охрид, удрило во велосипед, управуван од А.П.(77) од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 04.05.2020 во 19:45 часот во Полициската станица Центар З.П.(44) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ неговата 16-годишна ќерка била касната од куче скитник.

На 04.05.2020 во 12:45 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(20) од Кичево, пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија