Утрински Весник
Македонија

Апликацијата „Мој воздух“ отвора можност корисниците да станат амбасадори за чист воздух

Апликацијата „Мој воздух“ отвора можност корисниците да станат амбасадори за чист воздух
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Апликацијата AirCare („Мој воздух“) отвара нова можност за корисниците – тие да станат амбасадори за чист воздух.

Преку симболична месечна донација од 5,99 долари, секој граѓанин може да стане амбасадор на „AirCare“ и со тоа да добие пристап до ексклузивна група на амбасадори каде што се објавуваат настани, работилници и вебинари како и да помага во одлучувањето за развојот на апликацијата.

„Најважната улога на амбасадорите на „AirCare“ е фактот дека 50 проценти од секоја донација се канализира до фамилиите најмногу погодени од економските последици од Ковид-19 во земјата на корисникот. На тој начин, секој може да се вклучи во помошта таму каде што е најпотребно овој период. Конкретно во Македонија, 50 проценти од обезбедените средства во првиот месец, „AirCare“ ќе ги користи за составување пакети за храна до социјално загрозени семејства преку Црвеникот Крст. За секој нареден месец, амбасадорите ќе бидат тие кои со гласање ќе одлучуваат каде ќе се насочуваат тие средства. Секоја акција и доставување на пакетите со храна транспарентно ќе биде објавувано на платформата,“ информираат од таму.

Креаторот на апликацијата Горјан Јовановски додава дека, кога ќе се надмине оваа криза, тие 50 проценти ќе се пренасочуваат до еко-организациите во секоја земја за да се помогне во нивната борба за чист воздух.

Апликацијата е достапна за „Андроид“ и „ИОС“ телефони, и може да се преземе директно од овој линк. Оваа апликација до сега има 200.000 преземања, која за време на високото загадување, ги информира граѓаните за квалитетот на воздухот што го дишат.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче