Утрински Весник
Спорт

Клоп: Момците играат во нивните дворови како да се деца на пет или шест години. Ние сакаме да се вратиме на теренот

Раководството на Ливерпул му изрази поддршка на Клоп за ставот да игра со младинци против Шрусбери

Ливерпул, 5 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека пред продолжување на сезоната, играчите ќе треба да поминат дополнителен тренинг.

– Момците имаат многу работа, физичка работа, затоа што сите очекуваме повторно да излеземе на теренот. Не знам точно кога тоа ќе се случи, но мора да се подготвиме за тоа. Сега им даваме задача и тие работат во нивните дворови. Тие се играат како дечиња на возраст од 5 или 6 години. И ние ќе се обидеме да го пренесеме ова расположение на теренот, изјави Клоп.

Германецот верува дека враќањето на стадионите ќе се случи наскоро.

– Кога повторно сме близу, мора да ја искористиме максимално од ситуацијата. Не знам колку долго ќе се подготвиме за натпреварите, но ќе с еобидеме да го сториме тоа, истакна Клоп.

Ливерпул е убедливо прв на табелата во Премиер лигата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри