Софија Јанева е блогерка која на својот инстаграм профил ги споделува своите авантури – големи и мали од своите патувања. Покрај прекрасни фотки и совети за патување, на најзиниот профил можат да се видат совети за мода и козметика.
Еве што вели Јанева за нејзиното секојдневие во карантин и како таа го исполнува времето.
View this post on Instagram
GIVEAWAY Со цел да ви ги разубавиме деновите кои ги поминувате дома, заедно со @modernitahome решивме да изненадиме две девојки кои ќе добијат мапа по нивен избор. Се што треба да направите за да добиете мапа е: 1. Follow @janeva и @modernitahome 2. Like на сликата 3. Тагнете пријател/ка во коментар (Може да напишете повеќе коментари се додека тагнувате различни луѓе.) Доколку не ги следите правилата нема да бидете избрани. Две девојки ќе бидат избрани по случаен избор за 5 дена (на 30.03.2020) и ќе бидат објавени на моето Storу. СО СРЕЌА!
Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата?
Да бидам искрена, немаше драстична промена во моето секојдневие бидејќи голем дел од мојата работа е онлајн. Со оглед дека работам во маркетинг агенција и како блогер, најголем дел од времето го поминувам на социјалните медиуми, видео конференции, комуникација преку мејлови и др.
Како се заштитуваш?
Првично се заштитувам со тоа што седам дома колку што е можно повеќе, а кога излегувам задолжително носам маска и избегнувам гужви.
Што научи за себе во самоизолација?
Научив дека обожавам да поминувам време со мојата фамилија!
Што ти недостасува најмногу?
Најмногу ми недостасуваат патувањата кои ми беа планирани овој период и за жал морав да ги откажам, секако и дружењето со моите пријатели, кафе во скопските кафулиња итн.
Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш?
До сега мислев дека не можам да преживеам без козметички салони (маникири, педикири, депилации) но научив дека повеќето третмани можам да си ги правам во домашни услови, дури некогаш и подобро од професионалните салони!
View this post on Instagram
Периодот додека седам дома го искористив за максимална нега на моето лице и тело. Во тоа ми помогна мојата омилена маска за лице “Novage intense skin recharge” која дава интентзивна хидратација поради присуството на природни масла и хијалуронска киселина. Третманот задолжително го надополнувам со заштитниот балсам “Tender Care” кој содржи природен пчелин восок. Овие два производи доаѓаат во пакет “Beauty by Sweden” заедно со “OnColour” маскара за издолжување на трепки, кои може да ги порачате онлајн преку @oriflamemk. п.с. доколку сакате вистински СПА третман задолжително пробајте го и Swedish SPA маслото за туширање кое дава богата кремаста пена како оваа на сликата. Грижете се за вашето здравје, уживајте во времето дома и негувајте ја вашата кожа!
Како си го исполнуваш времето?
Поголем дел од времето ми е посветено на работа, подготвување на здрава храна, гледање филмови и серии, читање интересни книги, па дури почнав да вежбам и јога!
Добра книга што треба да се прочита периодов. – Rich dad poor dad од Robert Kiyosaki
Добра серија што мора да се изгледа. – La casa de Papel, Black Mirror, Peaky Blinders, Locke & Key (не можев да набројам само една бидејќи сите се премногу интересни )
Песна за на repeat? – Roses (Imanbek remix)
Видео/друштвена игра што треба да се игра? – Монопол!! Бидејќи редовно победувам, хаха…
Дали се плашиш? Што поточно те плаши?
Искрено не се плашам бидејќи знам дека се ќе помине, па дури и ова!
Се плашиш ли од 5г?
Не. Секој може да верува во што сака, но сметам дека треба да направат продлабочено истражување од валидни извори пред да донесат заклучок. Со оглед на големото присуство на лажни вести на социјалните медиуми, не треба да се верува во се што ќе се прочита. Воедно, според мене технолошкиот развој е неопходен во современиот свет и не треба да се попречува.
Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот?
Ќе резервирам авионски билет зa некоја далечна дестинација!
Која е поуката од Ковид-19?
Поуката можам да ја сумирам во само една реченица: “ Prevention is better than cure“
Опиши го твојот карантин со 5 emojis:
View this post on Instagram
GIVEAWAY Jас и @gizziatrendbags_shoes одлучивме да ви подаримe еден пар чевли по ваш избор! Јас го одбрав моделот кој е на сликата, а вие може да го посетите нивниот профил и да ги одберете оние кои најмногу ви се допаѓаат Правилата се: 1. Follow @janeva и @gizziatrendbags_shoes 2. Like на сликата 3. Тагнете пријатека во коментар (Може да напишете повеќе коментари се додека тагнувате различни луѓе.) Доколку не ги следите правилата нема да бидете избрани. П.с. Ако го споделите овој giveaway на стори добивате дополнителна шанса за добивка при извлекувањето. Една среќна девојка ќе биде избрана по случаен избор за 7 дена (на 07.05.2020) и ќе биде објавена на моето Storу. СО СРЕЌА!