Утрински Весник
Спорт

Лоша вест за Мурињо: Нема пари за трансфери во Тотенхем

Мурињо не кажа зошто го нарече тренерот на Саутемптон „идиот“

Лондон, 4 мај 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е информиран како ќе треба да функционира низ претстојниот трансфер прозорец.

Бидејќи неговиот тим не е во зона „Лига на шампиони“, доколку тоа продолжи, се очекува Специјалниот да нема пари за нови играчи.

„Ивнинг Стандард“ пишува дека финансиското работење на клубот ќе биде целосно соборено заради КОВИД-19, а клубот само ќе може да ги разменува своите играчи за други или да ангажира слободни агенти. Ќе има пари за Мурињо, ако играч од сегашниот состав биде продаден.

Во овој момент, нема информација точно кога ќе биде следниот трансфер прозорец откако треба да се одиграат натпревари во англискиот фудбал.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026