Утрински Весник
Македонија

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Филипче: Се зголемува бројот на тестираните на дневна основа, бројката на дијагностицираните останува приближно иста

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од  Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Очигледно е, посочи министерот, дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува, тоа особено не радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

– Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат, додаде Филипче. рп/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева