Скопје, 4 мај 2020
Радмила Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев се лицемерни. Нив не ги интересира здравјето на граѓаните ниту пак економската катастрофа со која што се соочува стопанството во Македонија.
Нив ги интересира само како да го намалат изборниот пораз, нова амнестија на криминалот и дополнително исцрпување на буџетот каде што успеаjа да испумпаат 120 милиони евра за само три месеци.
На изборите кога и да се случат неминовен е поразот на погубните политики на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Граѓаните јасно гледаат дека власта на Заев е неспособна и неодговорна и крајно лошо ги менаџира последиците од економската и здравствената криза поради корона вирусот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.