Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува

Шекеринска: Многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во моментот кога Шекеринска се спремаше да даде изјава за медиумите помала навивачка група почна да скандира „Никогаш северна, само Македонија“ по што вицепремиерката се откажа од изјавата. Таа им порача на медиумите дека ќе даде изјава пред споменикот на Делчев во Градскиот парк заради, како што кажа, луѓето кои се дојдени да тераат политика.

Прашана од новинарите дали мисли дека скандирањето е политички потег, Шекеринска рече дека секогаш е.

-Не е случајно направаено да биде веднаш после давањето изјава. На Балканот научивме дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува, рече Шекеринска.

Во владината делегација беа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска. вј/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пазарниот инспекторат сузби поголема количина шверцувани производи од тутун

Тешко повредена 18-годишна девојка од Турција, возилото во кое се возела удрило во билборд

Несфатлива изјава од шеф на држава: Сиљановска – Давкова порача „не е време за реформи“, како граѓаните да ја сфатат нејзината порака?