Утрински Весник
Македонија

Се уредуваат парковите површини во делчевско

Се уредуваат парковите површини во делчевско

Делчево, 4 мај 2020 (МИА) – Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие Брегалница, а истите како што соопштија, се реализираат на повеќе локации во градот.
-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши на уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.
Во текот на денешниот ден исто така се изврши и дезинфекција во гимназијата „Методи Митевски Брицо“.
-Се работи за трета дезинфекција со која се опфатени сите простории во училиштето, како и надворешниот дел и парковите. Исто така со оваа активност ќе биде опфатена и спортската сала во училиштето, истакнаа од гимназијата.
Согласно насоките на Регионалниот кризен штаб во наредниот период со дезинфекција ќе се продолжи и во останатите јавни установи во градот. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа