Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МНР ќе го повика на консултации генералниот конзул во Минхен поради содржина на објава на Фејсбук

МНР формира координативно тело за помош на граѓаните кои се затекнати на граничните премини и аеродороми
300x250 opst2

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Генералниот конзул на земјава во Минхен ќе биде повикан на консултации во Министерството за надворешни работи, поради содржина на негова објава на Фејсбук, соопшти денеска МНР.

– Во врска со објавата на Фејсбук со содржина која се коси со Законот за надворешни работи и етичкиот кодекс на дипломатите, Генералниот конзул во Минхен ќе биде повикан на консултации во Министерството за надворешни работи веднаш штом се создадат услови за патување, кои во моментов се отежнати со оглед на пандемијата, објави МНР на официјалниот Фејсбук профил.

МНР наведува дека консултациите ќе бидат во насока на испитување на околностите за утврдување евентуална одговорност врз основа на дисциплинска постапка.

Дел од медиумите пред два дена објавија дека генералниот конзул во Минхен на својот Фејбук профил објавил содржина во врска со настаните од конфликтот во 2001 година. нд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски откри дека инкриминирани лица за Пулс имало и од други институции не само од УЈП

(Видео) Сообраќајка на автопатот Миладиновци – Штип

Малолетник претепан на автобуска постојка на Бит Пазар